Ресторан зема од богатите за да им даде на сиромашните

robin-hood-restaurant1.jpg

Robin Hood Restaurant has become quite the hotspot — the restaurant has poached staff from luxury hotels and celebrity chefs are lining up to work there once a wee

Духот на Робин Худ живее во еден ресторан во Мадрид, Шпанија. Ресторанот дури го носи и името на овој јунак познат по своите дела во корист на сиромашните. Во ресторанот „Robin Hood Restaurant “ појадокот и ручекот посетителите го плаќаат поскапо за бездомниците да можат да добијат бесплатна вечера. Во текот на денот оброците на менито чинат околу 12 долари.

Ресторанот работи од декември минатата година, а со него управува 80-годишниот католички свештеник Анхел Гарсија Родригез. На менито за вечера тој нуди јадења од типот на печена мисирка и компири, пудинг и слично.

Ресторанот во текот на ноќта опслужува повеќе од 100 бездомници. Во текот на денот овој ресторан нема слободно место за појадок или ручек до април. Некои членови од персоналот доаѓаат да работат тука од лускузни хотели, а познати готвачи волонтираат по една недела.

„Сакам бездомниците да јадат достоинствено како и секој друг посетител и тоа храна со истиот квалитет, да пијат од чаши од кристал, не пластични, и во атмосфера полна со пријатели и со разговор“, вели Гарсија Родригез.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail