Ревија „Магија на тебе“на висока мода на костими за капење пролет-лето на „МАТРА Студио“ на 7 то издание на „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“

flaer-nadvor.jpg

Најновата колекција на висока мода на костими за капење пролет-лето  „Магија на тебе“ од „МАТРА Студио“,  ќе биде дел од седмото издание на фестивалот за креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“.

На  11 мај, со почеток во 20:30ч. во „Младинскиот Културен Центар“  ќе биде прикажан најновиот дизајнерски проект на модниот дизајнер Маре Трајковска под брендот „МАТРА студио“ која цели две години со својот уникатен дизајнерски печат активно ги освојува симпатиите и вкусовите на публиката.

„Магија на тебе“ е колекција на висока мода пролет лето 2019, основната инспирација е неокласицизмот, но и од животот и делото на револуционерката Тереза Талиен и нејзиното влијание. Споредната инспирација е новелата 50 нијанси на сиво, еротско романтична новела од бритаскиот автор Е.Л. Џејмс.

Колекцијата е еротска и романтична во исто време, содржи 11 аутфити каде таргет се млади девојки со авантуристички слободен дух . Нијансите на сиво ја репрезентираат колекцијата, всушност основната палета е црна и бела и градацијата на сиво.

„Материјалите за колекцијата се ликра 100%, жоржет, тил француски, кристален и милениум, мрежа, свилен сатен, сурова свила, пуплин, неопрен, лак итн. На неколку видови на текстил ќе биде имплементиран принт со техника на сублимација, кои во самата изработка на колекцијата се вметнати по неколку слоеви за да се добие ефект на 3Д преку градација на форма и нијанса,  исто така ќе бидат изработени и текстури со ласерско сечење на материјалот.“  вели модниот дизајнер Маре Трајковска

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail