Научници од Универзитетот Бризбејн дојдоа до откритие кое би можело целосно да го промени начинот на кој се открива и лечи канцерот. Имено, канцерот што е откриен во рана фаза има поголеми шанис за лекување. Проблемот е што канцерот во рана фаза тешко се детектира затоа што во најголем дел од случаите нема видливи симптоми.

Методата која ја развија научници од Универзитеот Бризбејн не само што е евтина, туку целата постапка трае само десет минути, а ги открива сите видови рак во многу ран стадиум. Клучната компонента на целата постапка се честички од злато. Поточно, наночестички од злато кои во текот на тестот ја менуваат бојата ако во клетктие има траги од рак.

Доволно е во растворот во кој се наоѓаат наночестички од злато да се стават сомнителни клетки и растворот ќе ја смени бојата. Доколку остане црвена, присутни се промени во ДНК кои укажуваат на канцер. Доколку ја смени бојата во сино, нема канцер.

Научниците својата метода ја тестирале на двесте примероци и откриле дека тестот е точен и до 90%. Тоа уште не значи дека тестот ќе биде достапен за сите доктори и пациенти уште веднаш. Потребно е дополнително да се провери методата и самата прецизност на тестот и да се развие за поширока употреба. Но, веќе и овие резултати даваат надеж дека во иднина дијагностицирањето и лекувањето на канцерот ќе биде побрзо, подобро и поевтино.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail