Револуционерен откритие нуди ново решение за третирање на рани и повреди

rana.jpg

Медицината постојано напредува заедно со технологијата, а тоа ни носи нови опции и начини на справување со повреди и болки. Последниот изум, наречен Zipstitch, е наменет за третирање и затворање на рани на кожата, а работи на еден уникатен начин кој го прави справувањето со исекотини и повреди многу полесно од порано.

„Zipstitch“ е всушност едноставен механизам кој е наменет за затворање и одржување на раните на површината на кожата.

Начинот на употреба на „Zipstitch“ е уште поедноставен отколку самиот механизам. Најпрво треба да ја измиете раната и да ја исчистите крвта, а потоа да го залепите механизмот точно над раната. Единствениот потег кој ви останува понатаму е да го затворите механизмот со помош на малите пластични стеги на двете страни.

Кога механизмот ќе биде затворен и добро зацврстен, тогаш и раната ќе биде затворена и ќе може да започне процесот на заздравување. Најдобрата работа околу „Zipstitch“ е тоа што не ви е потребна докторска помош, туку можете самите да го наместите на местото каде е потребно.

Креаторите на овој изум тврдат дека тој е многу поиздржлив отколку медицинските конци и неговата предност е што не остава лузни, туку остава кожата самата да заздрави.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail