Професорот Владан Петровиќ во Србија, во близина на Крагуевац, на два хектара земјиште поставил сончеви концентратори за да докаже дека е можно бесплатно греење, објави ТВ Н1.

Потенцијалот на овој проект го препознала компанија од Норвешка, која со Петровиќ склучила и договор.

– Во Србија не покажаа конкретен интерес за тоа што го работам. Но, заинтересирани се други земји. Потпишав договор со голема компанија која работи на плутачки острови. Тие во Монако треба да реализираат голема инвестиција во износ од една милијарда евра, за која е потребна соларна енергија. Заинтересирани се за технологијата и имаат желба да ја развиваат, вели Петровиќ.

Тој тврди дека станува збор за евтина технологија, која може секој да ја изработи.

– Може така цела Србија да се стопли. Почнувате да собирате енергија од хектар земја уште во април. Во октомври имате 200 степени во земјата. Кога ќе почне грејната сезона, до крајот февруари таа температура паѓа на 40 степени. Тогаш се користат топлотни пумпи, а од тоа добивате 10 киловати топлинска енергија, а потрочувачката за тоа е еден киловат струја. Така може да се грее не само Србија, туку и целиот свет, вели Петровиќ за порталот Нови.ба.

Тој вели дека за почнување на таков систем не се потребни големи вложувања и нагласува дека акумулаторот на топлина во Бадњевац фантастично функционира и дека акумулира 400 киловат часови на кубик.

Петровиќ смета дека во Србија не се заинтересирани за овој револуционерен проект поради некомпетентност, како и поради тоа што луѓето кои одлучуваат немаат доволно познавање во таа област.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail