Револуционерно откритие: За прв пат рак на дојка во напредна фаза е излекуван со имунотерапија

rak.jpeg

Жената со агресивен тип на рак на дојка кој ѝ се закануваше со хемотерапија и ѝ се проширил на дугите органи, излекувана е со експериментална постапка која беше поттикната од нејзиниот имунолошки ситем, објавиле научниците во понеделникот.

Таа нема рак веќе две години, откри тим од САД кој своите резултати ги претстави како новиот имунотерапевтски пристап за пациенти во завршната фаза на болеста. Другите експерти кои не биле вклучени во третманот рекоа дека овој случај бил возбудлив.

Така наречената имунотерапија се покажа за успешна кај некои луѓе со рак на белите дробови, матката, леукемија, рак на кожата, но успехот кај ракот на цревата, дојките и јајниците сè уште не бил забележан.

Американскиот тим во овој случај ги екстрахирал лимофцитите од пациентката Џуди Перкинс, ги модифицирал во лабораторија и потоа ги вратил во телото.

Перкинс за тој експеримент се пријавила на 49 години, после неколку неуспешни третмани, стои во студијата објавена за научниот магазин “Nature Medicine”. Ракот веќе тогаш се проширил на различни делови од телото, вклучувајќи го и црниот дроб.

Функцијата на имунолошкиот систем ги неутрализирал непосакуваните непознати тела како клетките на ракот. Но, во тоа некогаш не успева, често поради тоа што не ги препознава клетките на ракот кои содржуваат ДНА пациент.

Со имунотерапијата овие клетки се “тренираат” да ја препознаат болеста и да се борат против неа. Во ова истражување, научниците ги земале лимфоцитите од туморот па ги скенирале за да пронајдат специфични видови кои реагираат на клетките на ракот. Реактивирани биле во лабораторија и вратени во телото.

Во пресрет на истражувањето објавено во магазинот, експертот Лажло Радвани од канадскиот институт за истражување на рак во Онтарио истакна дека одговорот на пациентката на овој третман во таква напредна фаза беше “без преседан”.

Оваа работа “покажува како моќта на имунолошкиот систем може да биде искористена за борба дури и против најтешките случаеви за рак”, вели Мелхер.Американските експерти во неделата објавија уште едно откритие и изјавиле дека околу 70 % од жените со ран тумор на дојка и среден ризик од повторување можат после отстранувањето на туморот да ја одбегнат хемотерапијата.

“Ова е големо откритие”, вели д-р Лери Нортон од центарот за лекување на рак, Слоун Кетеринг во Њујорк. “Тоа значи дека можеби на 100.000 жени во САД нема да им е потребна хемотерапија”, истакна тој.

Ризикот од повторна појава се утврдува со тестот Онкотип DX кој во предвид зема 21 ген. Жените кои на тестот имаат резултат од нула до десет после операција не примаат хемотерапија и се лекуваат со хормонска терапија. Оние со поголеми резултати од 26 до 100 се лекуваат и со двете терапии.

Истражувањето покажало дека сите жени постари од 50 години со овој вид на тумор, што е 50 % повеќе од сите пациенти во таа категорија, би можеле да одбегнат хемотерапија. Покрај тоа, жените на 50 години и помлади кои имале резултат од 0 до 10 исто така можат да бидат поштедени од хемотерапија и нејзините штетни нуспојави.

Сепак, хемотерапијата позитивно влијаела на жените на 50 години помлади чиј ризик од повторна појава се движел од 16 до 25, установиле научниците.

“Ова е доказ дека тој тест треба да стане неизоставен дел од клиничката пракса”, истакна тој.

Неговата компанија моментално осигурала тестови за повеќе од 900.000 пациенти во повеќе од 90 земји. Тестот во САД чини 4000 долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail