Револуционерен изум: Батерии што ќе се полнат еднаш годишно

img-308375.jpg

Нов тип на транзистори што ги дизајнирале научниците од Универзитетот во Кембриџ може да овозможи функционирање на електронските уреди со месеци пред да им треба ново полнење.

За да ја објаснат својата работа експертите го искористиле примерот со чешма што капи. Актуелниот проблем што се поврзува со сите типови транзистори е што тие „протекуваат“ и губат електрична енергија.

Научниците Сунгсик Ли и Арокиај Нејтан откриле начин како да ја искористат таа енергија. Тие нашле примена за бариерата Шотки – точката каде што се спојува металот на полупроводникот со својот полупроводнички материјал. На тој начин се произведени транзистори кои функионираат исклучиво на енергијата што протекува.

„Кога со овој дизајн би црпеле енергија од обична АА батерија, таа би траела со милијарда години“ – вели Ли.

Новиот тип на транзистори ќе се произведува на ниски температури, што значи дека би можел да се применува со директно аплицирање на материјалите како стакло, хартија или пластика.

Својата примена може да ја најде кај разните уреди што на тој начин никогаш не би требало да се полнат, ниту пак да бидат приклучени на струја. Истражувањето е објавено во магазинот Science.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail