Робокап стигна и во Дубаи: Роботи полицајци ќе патролираат по улиците на пребогатиот град

tocka-226381.jpg
Вистинскиот Робокап постои, и тоа во Дубаи. Овој полицаец го скенира лицето, а граѓаните преку него ќе можат да пријават кривични дела како и да платат сообраќајни казни.

Од мај оваа година, “Робокапите” ќе бидат на улиците на Дубаи, а до 2030-тата година се очекува тие да претставуваат една четвртина од полицијата во овој град.

“Ние сакаме да ги постигнеме нашите цели и да развиеме интелигентни роботи – полицајци. До 2025-та година, Дубаи ќе биде еден од петте градови кои ќе имаат најдобар систем за безбедност”, изјавил генерал-мејор Абуда Ал Мери од полицијата.

View image on Twitter

Роботите ќе можат да го скенираат лицето и на растојание од дваесетина метри, а на градите имаат екрани на допир, преку кои граѓаните ќе можат да пријават кривични дела и да платат сообраќајна казна.


Исто така, роботот ќе има и микрофон кој е директно поврзан со полицискиот центар за повици.

Прототипот на “Робокап”, како што го нарекуваат медиумите, беше претставен на саемот за технологија и електроника GITEZ во октомври 2016-та година, пренесува Daily Mail.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail