RoboMac 2020 – натпревар по роботика и автоматика во Македонија

robomak.png

Факултетот за електротехника и информациски технологии ги повикува сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2020”, кој ќе се одржи по деsетти пат во периодот од 9-ти до 14-ти март.

Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во парови, да ги употребат своите знаења и вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.

Категориите во кои учесниците може да се натпреваруваат се: роботска рака, сумо, Line Follower, Лавиринт, AI Football, Sphero. Покрај тоа ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од своите области од интерес.

Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 14.03.2020г.

За дополнителни информаци за категориите посетете ја официјалната страна на RoboMac. RoboMac 2019 е организиран од Студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ како и студенти волонтери од ФЕИТ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail