robot.png

Робот со големина на дете кој што говори кинески и англиски, подучува математика, кажува шеги и предлага игри, неодамна беше претставен во Шангај, а замислен е да биде „другарче“ на малите деца кои што немаат со кого да си играат.

Роботот кој што го разви “AvatarMind”, а е наречен “iPal”, висок е колку петгодишно дете, се движи на тркала, а на градите има голем екран-таблет. Неговите „подвижни“ очи се опремени со технологија за препознавање на лице.

„Роботот е замислен да им прави друштво на децата“, изјави Тингју Хуанг, еден од основачите на “AvatarMind”, развојна компанија која што е основана пред четири години, а нејзиното седиште е во Нанкинг, на истокот на Кина.

„Кога детето ќе го види нашиот робот, веднаш го прифаќа како пријател, како друго дете во семејството“, изјави тој.

Роботот меѓу другото може да им овозможи на родителите да разговараат со детето кога не се во негова близина, но исто така и да го надгледуваат своето дете благодарение на сензорите со кои што ја слуша и „гледа“ околината.

Цената на еден ваков робот изнесува околу 1,200 евра, а „луксузниот“ модел со поголем екран и батерија со продолжен век на траење изнесува 1,720 евра.

Од “AvatarMind” соопштија дека имаат во план да произведат робот кој што ќе им прави друштво и на постарите, ќе ги потсетува да ги земаат своите лекови навреме и ќе се јави во болница во случај на потреба.

Сепак „мислам дека роботите не можат да бидат замена за родителите и професорите“, истакна Хуанг и додаде дека „iPal сепак може да им помогне во работата“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail