Робот ќе паркира автомобили на лондонскиот аеродром (ВИДЕО)

Аеродромот „Гетвик“ во Велика Британија набргу ќе има многу интересен вработен на паркиралиштето за автомобили. Оваа година службите планираат да тестираат робот, кој би требало самостојно да ги паркира автомобилите, објави Си-ен-ен.

Годинава лондонскиот аеродром ќе го тестира роботот , кој самостојно ќе паркира автомобили. Роботот ќе функционира така што под возилото се поставува метална платформа , на која ќе го подигне возилото и ќе го однесе на соодветното место за паркирање. Од аеродромот планираат наскоро да почнат со тримесечен тест период на овој систем , а идејата е на постојниот паркинг да се сместат поголем број возила.

Аеродромот Гетвик е втор по големина по Хитроу и годишна низ него минуваат десетици милиони патници. Така , минатата година поминалле 46,1 милиони . Роботот е произведен во париската компанија Stanley Robotics и затоа го носи името Стен.

Со работењето на Стен би се создале нови стотина паркинг места на аеродромот. Патниците треба да го однесат автомобилот во една од осумте нумерирани кабини , да ја потврдат купената паркинг карта и да си ги понесат клучевите со себе.

Роботот има податоци за нивното патување со еден или повеќе авиони , така што кога ќе се враќаат на аеродромот , автомобилот што бил паркиран од Стен на друго место , ќе биде вратен назад во кабината и патникот си го подигнува од кабината каде што го оставил , без потреба да скита по аеродромскиот паркинг.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail