Во иднина, наместо да го бараат најдобриот хирург, луѓето можеби ќе го бараат најдобриот робот. Тестовите на роботот Smart Tissue Autonomous Robot (STAR) покажуваат дека роботот оперира побрзо и попрецизно од луѓето.

Тестот на STAR покажува дека роботот поради поголемата прецизност прави и помалку штета на околното ткиво, пренесе IEEE. Прецизноста е исклучително важна при отстранувањето на тумор или рак. Напредокот на технологијата овозможува сериозно да се размислува дека иднината на хирургијата е во автоматизацијата.

„Верувам дека технологијата најпрво ќе биде воведена како подфункција во хирургијата, а потоа ќе стане и покомплексна“, вели Аксел Кригер, доцент од Универзитетот Мериленд.

Роботот во текот на „операцијата“ постојано ги следи алатката за сечење и ткивото. Во текот на операцијата, роботот постојано се прилагодува на промените и на новонастанатите услови.

Во текот на тестовите роботот и хирурзите имаа два теста. Тестовите се направени на три различни ткива, мускули, кожа и маснотии од свињи. Во првиот, роботот и хирургот правеа рез долг 5 сантиметри. Вториот тест беше посложен и во текот на тестот роботот и човекот отстрануваа замислен тумор со неправилна форма.

Засега формата на „туморот“ е единствено дводимензионална. Следниот чекор е тренинг на роботот за отстранување на 3Д тумор. Секако ова е во фаза на развој, по што ќе започнат тестовите. Барем засега технологијата ветува навистина многу.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail