Робот се грижи за луѓето во старечки дом, тие се приврзале за него

robot.jpg

Но, овој робот е централниот дел од експериментот во Франција кој би можел да го промени начинот на грижа за постарите лица.

Кога Зора пристигнала во старечкиот дом оддалечен еден час од Париз, чудни работи почнале да се случуваат: многу пациенти емотивно се врзале за неа, ја третираат како бебе, ја држат, ја лулаат и ја бакнуваат.

Зора, која може да чини и до 18.000 долари, нуди друштво на место каде животот е осамен. Семејствата не можат толку често да доаѓаат, а нема доволно персонал.

Пациентите во болницата Жуар страдаат од деменција и други состојби кои бараат постојана нега.

Медицинскиот техничар задолжен за Зора го контролира роботот преку лаптоп. Често се крие за пациентите да не сфатат дека тој го контролира роботот. Роботот може да разговара бидејќи тој ги испишува зборовите во лаптопот кои роботот ги изговара. За некои пациенти Зора е “таа“, за некои “тој“.

Се уште многу треба да се направи пред појавата на хуманоидните медицински сестри. Зора не дава лекови, не мери притисок и не менува постелнина. Во Жуар, Зора некои ја сметаат за површна алатка која “само ги замајува пациентите“, изјави сестрата Софи Рифо.

Друга медицинска сестра, Натали Расин изјави дека не би дозволила робот да ги рани пациентите, дури и кога би можел тоа да го прави. Такви интимни работи не би требало да и се даваат на машината да ги прави.

„Ништо не може да го замени човечкиот допи, човечката топлина која им е потребна на нашите пациенти“ – изјавила таа.

„Зоработс“, белгискиот провајдер на роботи за Жуар, изјави дека продале повеќе од 1.000 роботи на медицински установи ширум светот, вклучувајќи ги Соединетите Држави, Азија и Блискиот исток. Роботите се дел од се поголемото ширење на роботиката во медицинската нега.

Овозможувањето на роботите да водат повеќе грижа за луѓето, можеби делува како дистопија, но многумина сметаат дека таа е неизбежна.

Во скори сите земји, бројот на постари лица е во пораст. Бројот на луѓе постари од 60 двојно ќе се зголеми до 2050 година, наведуваат Обединетите нации. Едноставно нема да има доволно луѓе за работа во здравствената нега. Приврзаниците тврдат дека ни е потребна нова технологија која ќе го надомести недостатокот на луѓе.

Предизвик ќе биде создавање на машини способни за извршување на комплексни работи. Да се развеселат пациентите со песна, не е исто што и грижа за нив. Француската болница која го купила роботот, благодарејќи на грант, ја изнесува Зора само неколку пати месечно.

Истражувачите во болница во Австралија која ја користи Зора откриле дека роботот позитивно влијае врз расположението на некои пациенти и оти ги поттикнува да се вклучат во активноста, но оти им е потребна и прилична техничка поддршка.

Слично изјавуваат и од француската болница.

Вработените се изненадени колку пациентите се приврзани за роботот. Една од сестрите Микел Фере изјави дека пациентите се љубоморни едни на други поради времето кое го поминуваат со Зора.

Пациентите на роботот му кажуваат работи во врска со нивното здравје кое не им го откриваат на лекарите.

„Внесе малку живост тука“ – изјави Марлен Симон (70), која после трахеотомијата повеќе од една година е во болницата.

„Ја сакаме и ни недостасува кога нема да ја видиме“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail