Роботи ќе разнесуваат пошта низ Норвешка

oslo-norway.jpg

Норвешката национална пошта „Постен Норге“ набргу ќе почне да користи поштарски роботи, односно роботизирана служба за испорака, со цел да им обезбеди на корисниците подобра достава на пратките.

Норвешката пошта потпиша договор со стартап-компанијата „Бади мобилити“, која има седишта во Осло и Сан Франциско. Нивниот план е во првата фаза на улиците да пуштат роботизирани возила само во областа на градот Конгсберг, а подоцна и во другуте норвешки градови, пренесува „Танјуг“.

Роботот поштар ќе функционира така што ќе доаѓа до домовите на корисниците и ќе ги известува за пристигнувањето на пратката. Пораката ќе биде примена од граѓаните на Конгсберг преку апликација за паметен телефон. Пораката исто така ќе го прикажува кодот за отклучување на поштенското возило во кое ќе биде сместен пакетот.

Роботизираното возило ќе патува со брзина од 6 километри на час, а со тоа темпо ќе може да испорача пратки до сто адреси на ден. По доставувањето на сите пакети, возилото ќе се враќа во седиштето на поштата, ќе ги наполни своите батерии и ќе чека за нови пратки.

Портпаролот на норвешката пошта, Џон Екоф, рече дека поштата сега има околу 20.000 вработени помалку отколку што имала во средината на деведесеттите години на минатиот век.

Првото вакво видео е снимено на Меѓународната вселенска станица, која дава сосема нов поглед на бурата, Месечината, па дури и на научните експерименти.

„На новото видео деталите се видливи повеќе од кога било. Технологијата на камерата продолжува да напредува, а можноста да ја видиме планетата на толку детален начин е добра работа“, вели Дилан Матис од НАСА.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail