Роботи кои се емотивни и културно освестени ќе се грижат за постарите лица

roboti.jpg

Британски истражувачи од Универзитетот Мидлесекс и Бедфордшир добиле 2,5 милиони долари со цел во идните три години да го тестираат роботот Пепер кој е емотивен и културно освестен со задача да се грижи за старите луѓе кои се во болниците, старските домови и во домашни услови.

Роботот треба да им помогне во секојдневните активности, да им дава лекови и да сочувствува со нив.

„Со оглед на тоа дека животниот век на луѓето е се подолг, здравствените системи се под голем притисок. Само во Велика Британија живеат 15.000 луѓе постари од 100 години, а се очекува тој број да се зголемува. Интелигентните роботи за стари лица би го намалиле притисокот на здравствените институции и старските домови” – рече професорката Ирена Пападопулос од Универзитетот Мидлсекс.

Softbank Robotics го креираше роботот Пепер, а неговите способности сега ќе ги тестираат специјалистите. Целта е тие роботи да пружат и утеха и навистина да се грижат за старите лица. Пепер веќе покажа дека е корисен во разни социјални сценарија. Две белгиски болници ги користат Пепер роботите на позицијата рецепционери и ги следат посетителите до одделот кој го бараат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail