Роботи против крадци на тоалетна хартија

roboti-protiv-kradci-na-toaletna-hartija-01.jpg

Управата за паркови во Кина вовела уреди за препознавање на лица, со кои ќе се намали бројот на крадци на тоалетна хартија во јавните тоалети.

Кога група на постари дами би имале тоалет пауза во еден од парковите во јужен Пекинг, нив ќе ги пречека компјутерски глас со молба да ги наслонат лицата кон синиот екран на ѕидот за препознавање.

Со ваквото скенирање, по неколку секунди им следуваат 60 центриметри тоалетна хартија и ни милиметар повеќе!

Овој принцип е воведен минатиот викенд во парковите, кои се сè попопуларни помеѓу пензионерските друштва во Кина, кои се состануваат на часови по танц или тренинзи во природа.

Често се случувало да се изнесуваат големи количини на тоалетна хартија од јавните тоалети, па затоа во иднина ова ќе биде спречено.

Доколку истото лице се појави во тоалетот, во интервал од 10 минути, со љубезен глас ќе биде замолено “подоцна да проба повторно”.

Ваквите уреди чинат околу 800 евра, а благодарение на нив веќе е намалена потрошувачката на тоалетна хартија за 70%.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail