Родено првото дете од неплодни родители

Timot-na-ukrainskite-doktori-so-deteto-od-tri-roditeli-640x359.jpg

Ова е одлична вест за многу потенцијални родители кои имаат проблем да добијат сопствено поколение и радост во својот дом.

Украинските доктори пред две недели донесоа на свет здраво женско бебе кое носи гени од 3 родители, иако првото бебе од три родители беше родено во Мексико.

За разлика од бебето родено во Мексико каде било извршена интервенција во ДНК кодот на фетусот и внесување на ДНК од трето лице со цел да не дојде до пренос на наследна болест од мајката во овој случај станува збор за добивање здраво бебе со помош на ДНК од трето лице при што и двата родители на бебето се неплодни.

Што е следно?

Сега за сега научниците веруваат дека оваа техника е безбедна и може да донесе на свет здрави бебиња, меѓутоа постојат и голем број скептици како и дополнителни истражувања што треба да се направат пред оваа процедура да може да се употребува во сите светски клиники.

Иако Британија беше првата земја што легално дозволи експериментирање со оваа техника сепак се уште ја нема употребено.

Украинските научници најавиа дека очекуваат уште едно здраво бебе да се роди со помош на оваа техника во Март оваа година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail