Родителите четири пати повеќе време поминуваат гледајќи во телефоните, отколку да им читаат книги на децата

parents-who-discipline-their-children.jpg

Поголемиот број возрасни може да се сети колку уживале во тоа кога родителите им читале книги додека биле мали. Според едно ново истражување, родителите денес поминуваат четири пати повеќе време гледајќи во екраните на мобилните телефони или компјутери, наместо да им читаат на своите деца.

Возрасните поминуваат 90 минути на компјутер, телефон или друг вид на технологија, а само 25 минути во читање на децата, се вели во истражувањето кое го работело „Буктраст“.

Откриено е дека родителите ги прескокнуваат страниците додека им читаат на децата, ја завршуваат приказната пред крајот и одбиваат да им прочитаат друга приказна. Половина од анкетираните родители признале дека ова го прават кога се чувстуваат премоерени.
Во анкетата учестувале повеќе од две илјади родители со деца од 4 до 11 години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail