Рокфелери влегуваат во бизнисот со крипто валути

kriptovaluti.jpg

Познатото семејство Рокфелер ќе влезе во бизнисот со крипто валути. Инвестицискиот фонд Venrocк кој е задолжен за финансиските операции на Рокфелер ќе вложи пари во Coin Fond кој е пак, специјализиран фонд за вложување на парични средства во дигитални крипто валути како и во бизниси кои се занимаваат со иновации од областа на блокчејн со што добиваат дополнителна вредност. 

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

„Сакаме партнерство со овој тим кој прави инвестиции и всушност помага во креирање на многу различни крипто-економии и проекти базирани на крипто-токени“ истакна Дејвид Пакман“ еден од главните партнери во Venrock.

Претходно и милијардерот Џорџ Сорос најави дека неговиот инвестициски фонд ќе почне да вложува средства во проекти со крипто валути и блокчејн технологија.

Ваквите вести допринесоа да порасне вредноста на повеќе крипто валути меѓу кои и биткоинот, а финансиските експерти очекуваат да се забрза процесот на регулирање на пазарот на дигитални валути со поголема доверба од страна на инвеститорите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top