Романот „Годишни времиња“ на Јулијана Величковска објавен во Бугарија

godisni-vremina.jpg

Во издание на издателството „Ерго“ од Софија, а во рамки на едицијата „Модерна европска проза“, од печат излезе романот „Годишни времиња“ на Јулијана Величковска.

Преводот е на Поли Муканова, а корицата е дело на уметницата Јоана Иванова.

Издавачот информира дека се работи за книга за созревањето, придружена од емоционалните изблици на младоста, но раскажана со многу мудрост. Една модрена приказна.

Ова издание е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија.

Јулијана Величковска е родена 1982 година во Скопје. Пишува поезија, проза и преведува. Нејзините песни се препеани и објавени на неколку јазици, меѓу кои: кинески, англиски, српски, хрватски, словенечки, холандски, албански, чешки и италијански јазик.

Застапена е во неколку антологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, Србија, Чешка и Италија, како и во една антологија на светската современа поезија издадена во Кина.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail