Роверот Curiosity пронајде нови докази за вода на Марс

img-317649.jpg

Роверот Curiosity на НАСА откри природна формација за која се верува дека претставува пукнатина создадена во кал. Во текот на минатата година роверот откри доста за историјата на Марс вклучувајќи ги и „вените“ кои веројатно потекнуваат од исушените езера и минералните депозити кои сугерираат дека на планетата некогаш имало кислород.

Под претпоставка дека интерпретацијата е точна, веројатно станува збор за вистински пукнатини во калта, односно исушена земја на која некогаш имало вода.

Испуканата површина е формирана пред три милијарди години, а била затрупана со слоеви од седимент што подоцна станале слоеви на стената.

Ерозијата со ветерот ги изложила раздвоените делови, а други докази се абележуваат во слоевитата површина која веројатно ја формирала вода што течела со голема брзина.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail