Розово езеро кое, ниту науката не може да го објасни

rozevo-ezero.jpg

Првиот запис за розовото езеро на островот Мидл во Западна Австралија потекнува од 1802 година. Британскиот морнар и хидрограф Метју Флиндерс на тоа место се закотви на патот за Сиднеј.

Во текот на 19. век островот го наелувале ловци на фоки и китови, а на почетокот на 20. век на езерото е направена солана, која набргу е напуштена.

Ниту денес точно не се знае зошто езерото Хилиер има толку единствена розова боја.

Во 1950 година група научници ги истражуваа причините за бојата на езерото, но примероците од езерската вода не содржеле траги од алги, кои инаку најчесто ја даваат бојата во водата.

Сепак, се шпекулира дека бојата потекнува од а од високиот салинитет и присуството на организми кои сакаат сол, како алгите Дуналиела салина и розовите бактерии халобактери.

За разлика од другите розови езера кои ја менуваат бојата со промената на тепмературата, езерото Хилиер е розово во текот на целата година, а водата ја задржува својата специфична нијанса и кога се става во некој сад.

Езерото, опкружено со шуми од еукалиптус од океанот го дели тесно подрачје со песочни дини, долго околу 600 метри.

Тоа е голема туристичка атракција благодарение на високото ниво на сол, кое го содржи.

Но со оглед на тоа дека островот се користи само во истражувачки цели, капењето не е честа појава.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail