Русија е газда на „Твитер“ и на „Фејсбук“?!

fejsbuk.jpg

Мнозинскиот инвеститор во социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“ има финансиски врски со две компании, сопственост на руската влада, а познати како мотори за политички чувствителни зделки на Кремљ, покажале новооткриените документи во аферата „Парадајс Пејперс“ која од вчеравечер го тресе светот.

Податиците велат дека една од руските компании, ВТБ Банка, дала 191 милиони американски долари во инвестицискиот фонд ДТС Глобал, кој пак ги искористил парите за купување на голем удел во „Твитер“ во 2011 година. Во вториот случај, подружница на енергетскиот гигант „Газпром“, контролиран од Кремљ, дал голема сума на пари во оф-шор компанија, која пак е партнер на ДТС Глобал и заеднички инвестирале во „Фејсбук“.

Основач на ДТС Глобал е рускиот милијардер Јури Милнер, но тој заедно со останатите свои партнери во зделките собрале големи добивки кога одлучиле да ги продадат своите удели во „Фејсбук“ во 2012 година и во „Твитер“ во 2013 година.

Засега не постојат индикации дека Кремљ на било каков начин влијале врз „Твитер“ или „Фејсбук“ или пак добил инсајдерски информации за фирмите како резултат на инвестициите поврзани со Милнер. Но, според досега објавените документи во аферата „Парадајс Пејпрс“, години пред да се сомничи Русија за вмешување на минатогодишните претседателски избори во САД, Кремљ имал финансиски интерес во американските социјални медиуми.

Овие откритија доаѓаат во време кога Конгресот ја истражува улогата на американските технолошки гиганти во ширењето на руската дезинформации за успешната кампања на Доналд Трамп за Белата куќа.

Јавно е познато дека Милнер имал големи инвестиции во „Твитер“ и „Фејсбук“. Врските на руската влада со инвестициите претходно не биле познати.

Од компаниите на „Фејсбук“ и „Твитер“ соопштиле дека своевремено ги раџгледале детално инвестициите на Милнер и дека немало ништо спорно.

Деталите за врските на Кремљ со инвестициските фондови се откриени во заедничката истрага, од страна на Меѓународниот конзорциум за истражувачки новинари, „Њујорк Тајмс“, Би-Би-Си и други медиумски партнери.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail