Русија гради луксузен вселенски хотел на вселенската станица ISS

russia-satelite.jpg

Американските вселенски компании како што се Virgin Galactic наскоро со летови ќе водат туристи до работ на вселената, каде што ќе можат на неколку минути да уживаат во микрогравитацијата и погледот на Земјата, но за Русите вселенскиот туризам има друго значење.

Според извори кои ги цитира Popular Mechanics, руската компанија RKK Energia веќе започна со изградба на два нови модули на меѓународната вселенска станица ISS. За првиот ќе се издвојат државни пари и ќе се користи како научна лабораторија и станица за снабдување со електрична енергија, додека вториот модул ќе биде финансиран со приватни пари и ќе претставува луксузно сместување за туристи, односно хотел.

Во модулот ќе се наоѓаат 4 апартмани со големина од 2 кубни метри, прозорци од 22 см. Ќе има и две простории за медицина и хигиена, како и луксузен дневен престој за кој туристите ќе треба да издвојат по 40 милиони долари неделно за полн пансион, уживање, дружење и забава.

RKK energija планира во секој лет на ISS да води по еден или двајца туристи откако со НАСА ќе го раскине договорот за превоз на астронаути кога Boeing и SpaceX ќе ги довршат своите летала. За да ја забрза конструкцијата на модулите RKK Energia веќе бара 14 патници кои ќе дадат аванс од 4 милиони долари и со тоа ќе си резервираат сместување во вселенскиот хотел.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail