Русија и Кина ќе прават заеднички центар за проекти на Месечината и за истражување на далечната вселена

vselena.jpg

Проектите ќе вклучуваат руски и кинески научни и индустриски тела и компании, соопшти денеска Роскосмос.

Роскосмос и кинеската Национална вселенска управа (ЦНСА) потпишале и договор за намери за соработка во врска со Месечината и истражувањето на далечната вселена, на Меѓународниот форум за вселенски истражувања (ИСЕФ) во Токио.

Земјите ќе ги разгледаат и можностите за давање заемна помош за лунарните програми, односно лансирањето на рускиот орбитер Луна-26 во 2022 година и кинескиот план за слетување на јужниот пол на Месечината закажано за 2023 година.

Во 2017 година Роскосмос и ЦНСА потпишаа програма за билатерална соработка за 2018-2022 година, која вклучува и следење на вселенското ѓубре и истражување на Месечината, далечната вселена и сателитите, меѓу другото.

Руската вселенска корпорација Енергија уште во октомври 2017 откри дека планира програма за истражување на Месечината, која вклучува изградба на лунарна база помеѓу 2040 и 2050 година. Компанијата исто така ќе отвори истражувачки центар за развој на програми за истражување на Месечината за идните мисии и поддршка на заедничкиот руско-американски проект за нова вселенска станица наречена Порта кон далечната вселена (Deep Space Gateway) во орбитата на Месечината. Москва и Вашингтон се договорија за проектот во септември 2017 година, а првите модули би можело да бидат подготвени помеѓу 2024 и 2026 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail