russian-plane.png

Руски инженери во соработка со колеги од Европската унија и од Австралија работат на проект за хиперсоничен патнички авион кој ќе лета со брзина од 8.000 километри на час и ќе го поминува растојанието од Брисел до Токио за 2 часа и 15 минути.

Моделот на хиперсоничен авион е амбициозен проект кој има меѓунаорден карактер. Станува збор за исклучително револуционерен концепт кој драстично ќе ги надмине денешните стандарди во авионскиот сообраќај, особено кога станува збор за интерконтиненталните летови.

Овој авион изгледа многу ќе отстапува од стандардните шеми на патничките авиони. Замислено е авионот да корист мотори на течно гориво од водород. Основнатa цел на концептот Hexafly e екстремно скратување на патот меѓу Еворпа и оддалечените градови на Далечниот Исток и во Океанија.

Освен овој проект, рускиот институт CAGI развива и домашен концепт на суперсоничен патнички авион SDS/SPS. Тј би требало да овозможи летање во должина од 8.600 километри со средна брзина од 2.000 километри на час. Авионот ќе има две класи – бизнис ВИП и економска, односно патничка класа и максимален капацитет од 85 патници.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail