Русија се закани дека ќе го блокира Facebook идната година

rus.jpg

Во последниот напор да ја зачува контролата над интернетот на својата територија, Русија се закани дека ќе ја блокира социјалната мрежа Facebook ако компанијата не се согласи на нивните услови.

Шефот на руската Федерална агенција за комуникации, Жаров, денеска рече дека Москва ќе го блокира пристапот до социјалната мрежа Facebook следната година доколку компанијата не ги чува информациите во Русија.

Жаров за руските медиуми изјави дека Федералната агенција за комуникации ќе го принуди Facebook да се придржува до руските закони за лични податоци, кои им налагаат на странските компании личните податоци на руските граѓани да ги складираат во Русија.

Критичарите на законот, кој стапи во сила во 2015 година, велат дека со тоа овие податоци ќе им бидат лесно достапни на руските разузнавачки служби.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail