Русите го направија најскапиот спинер во светот

index1.jpeg

Фиџет спинер стана најпопуларната играчка која со задоволство ја користат не само децата, туку и возрасните.

Иако многу фирми се натпреваруваат кој ќе произведе поголем, подобар, поинтересен, Русите решиле акцентот да го стават на цената, но и квалитетот со тоа што направиле спинер кој вреди неверојатни 16.800 долари.

Познатиот „Caviar“ дизајнираше спинер обложен со злато.

Овој оргинален и модерен додаток во вашите раце ќе го привлече вниманието и на другите и ќе пренесе порака за вашиот ироничен поглед на светот, вашиот мир. Ова е додаток за личноста која има се – пишува на официјалната страница на оваа компанија.

 

 

 

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail