Русите направија автомат за купување „лајкови“ (видео)

russia-likes.jpg

Колку е некој „фаца“ на социјалните мрежи и на блоговите не одлучува фактот како пее, колку смешно раскажува вицеви или колку добро знае да прави работи со сопствени раце туку колку „лајкови“ имаат неговите објави, фотографии и видеа.

Корисниците на социјалните мрежи чии објави имаат голем број допаѓања се интересна мета и за огласувачите, кои се подготвени да платат добри суми за некоја интернет-ѕвезда да ги „тагне“ или да стави хаштаг со нивното име. Затоа не е чудно што на Интернет нсе разви цел еден бизнис на продавање „лајкови“.

Дури и многу корисници кои немаат намера да купуваат „лајкови“ заради профит често тоа го прават за да го задоволат своето его и на сите да им покажат колку се обожавани. Факт е дека луѓето навистина купуваат „лајкови“ од разни причини, па за нив постои и понуда на црно.

Русија нема проблем со работа на црниот пазар, па во центарот на Москва е поставен автомат за купување „лајкови“ на Instagram. Автоматот е многу лесен за користење. Се логирате на вашиот профил, внесувате 100 рубљи (околу 96 денари) и ќе добиете 200 „лајкови“ кои потоа можете да ги додадете на фотографии кои сте ги објавиле. Ако се прашувате од каде доаѓаат тие допаѓања, најчесто се тоа индиски профили кои немаат никаква активност, што значи дека се лажни или украдени.

Социјалните мрежо доста лесно детектираат и отстрануваат лажни профили, па купените „лајкови“ веројатно брзо ќе ви ги снема, барем на кратко ќе се чувствувате како некој Интернет инфлуенсер.

Од видеото во прилог можете да се уверите дека овој автомат во Москва навистина постои.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail