uploads_thumbs_resize_800x420_407900.jpg

Теходинамика, дел од технолошката група Ростех, сака да извезува падобрани наменети за спасување од облакодерите, изјави директорот на Технодинамика Игор Насенков за Риа Новости.

Рускиот производител тврди дека со користење на специјален падобран наречен „шанса“ и необучено лице може безбедно да скокне од висина од најмалку 33 метри.

„Нема светска директна конкуренција на нашиот систем „ шанса“ на светскиот пазар, што значи дека Ростех е пионер во оваа сфера. Јасно е дека имаме амбициозни планови и дека по промоцијата во Русија ќе се обидеме да влеземе и на светскиот пазар“, рече Насенков.

Ова, според него, ќе го зголеми признавањето на брендот и исто така учеството на производството за „граѓански потреби“, кое тој го оцени како неопходно во услови на намалување на нарачките за одбранбениот сектор.

Падобранот се состои од ранец со систем на суспензија и три куполи.

Конструкторите велат дека „шанса“ автоматски ја стабилизира позицијата на телото на скокачот и не бара вештини за управување со падобран.

Тие тврдат дека во производството се користат модерни материјали, особено ткаенина со ниска пропустливост на воздух од полиамидни влакна.

Во дизајнот се воведени бројни иновативни решенија за да се спречи куполата да се судри со зградата.

Засега „шанса“ може да ја купат само правни лица, а продажбата на физички лица сè уште не е планирана. Цената е 150 илјади рубли (2 200 евра).

Извор: канал5

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail