Русите развиваат борбени авиони вооружени со ласери

avion-so-laser.png

Како во научно-фантастичните филмови: Русите развиваат борбени авиони вооружени со ласери

„Тоа ќе ја зголеми суперточната навигација. Екипажот ќе може точно да ја одреди позицијата на авионот и да ги насочи ласерските зраци на селектираните мети“, изјави за руските медиуми советникот на руската компанија „КРЕТ“, Владимир Михејев кој додаде дека „ласерот ќе биде толку моќен, така што авионот ќе може самиот да се штити“.

„Ние сме свесни за тоа дека изгледот на авионот ќе мора да биде променет за да се прилагоди на новите задачи. Сите клучни системи на авионот ќе бидат заштитени со ласерското оружје“, истакна Михејев.

Најновиот руски борбен авион ќе поседува многу моќен систем за одбрана и леталото ќе може успешно да се заштити од најсофистицираните начини на напад.

Обидите авионите да се вооружат со ласерско оружје се забележани уште во советската ера, а првиот пример на авионот од типот „А-60“ ќе биде базиран на транспортниот авион „Иљушин 76МД“ кој што бил тестиран дури во 1981-ва година.

За разлика од Русите, Американците пред неколку години веќе и тестираа вакво оружје – таканаречениот “LAWS” систем (Laser Weapon System).

Имено, американската морнарица соопшти дека успешно бил тестиран ласерскиот систем, а беше и објавено видео од тестирањата. Како што соопштија тогаш Американците, “LAWS” ги уништил зацртаните мети со инстантен резултат, односно системот уништува мети со неверојатна прецизност.

Laser Weapon System технологијата користи инфрацрвени енергетски зраци за уништување на метите, а неговото тестирање, пред да биде поставен на воениот брод “USS Ponce” траело неколку месеци во 2014-тата година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail