raketa.jpg

Суперсоничната ракета „Циркон“ се покажала како далеку побрза од тоа што досега го претпоставувале западните експерти.

„Со оглед на тоа што брзината на ракетата изнесува 11 илјади километри на час, пет минути би биле доволни за ракетата да долета и да го погоди Пентагон“, пренесува германскиот магазин „Штерн“.

Според податоците на споменатиот медиум, западните експерти досега претпоставувале дека брзината на „Циркон“ нема да надмине 6 илјади километри на час. Сепак, ракетата ги надминала очекувањата, па поради брзината и дометот, според многумина, едноставно невозможно е оваа ракета да биде откриена, пресретната и уништена на време.

„На таквите ракети можат да им се спротистават само електронските системи на против-воздушна одбрана, како и ласерското оружје“, заклучи германскиот магазин.

Претседателот на Русија, Владимир Путин за време на обраќањето пред Федералното собрание на Русија на 20-ти февруари, соопшти дека новата суперсонична ракета „Циркон“ ќе лета со брзина од 9 маха и ќе има домет поголем од илјада километри.

Инаку, зградата на Пентагон се наоѓа на врвот на листата со можни цели во САД која што ја претстави руската државна телевизија „Русија 1“. Во случај американските ракети да ѝ се заканат на Русија, покрај Пентагон во Вашингтон, на мета на руските ракети би се нашол и владиниот контролен центар „Кемп Дејвид“, контролниот центар на претседателот на САД и командниот центар на Комитетот на началникот на штабовите „Форт Рич“ во сојузната држава Мериленд.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail