RUSIJA.jpg

Во Русија се направени микророботите кои се тешки 8 до 10 килограми, кои можат да се пуштат под мразот на Арктикот. Во тек се првите испитувања. Ова за ТАСС го изјави началникот на Главниот научноистражувачки центар за роботехника на Министерството за одбрана на Русија Сергеј Попов.

„Посебен правец претставуваат микророботите, истражувачките апарати во џебен формат, кои се тешки 8 до 10 килограми и кои можат да реализираат истражувачки мисии во траење до четири часа и на растојание до четири километри од точката на пуштање“, изјави тој.

Попов објаснува дека роботите можат да се пуштат „директно под мразот од рака, каде ќе се вратат по извршувањето на истражувачката мисија“.

„Овие апарати се веќе изработени и се во тек на првите тестирања. Специфичност на овие мали роботи е можноста да работат како заедно, така и со други подводни апарати кои се наоѓаат во реонот на истражувањата“, истакнува првиот човек на Центарот.

Колективното користење на овие микророботи, според него, ќе овозможат да се прошират можностите на арктичките експедиции и сфери на океанолошките истражувања.

Попов истакна дека денес за работа на Арктикот се неопходни високотехнолошки поморски технички средства кои можат да работат во редок мраз, како и меѓу густи санти мраз, да решаваат задачи од оперативната хидрографија и да „служат како ретранслатори на податоци за цивилните центри за обработка на информации и за објектите на Министерството за одбрана“.

Извор: РУСКА РЕЧ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail