Руски научници – Се создава нов континент и океан

mraz.jpg

Руски научници од Сибир прогнозираат дека за 20 милиони години Евроазија ќе се подели на два дела, долж Бајкалското Езеро, каде ќе се појави нов океан, објави списанието „Наука во Сибир“.

Научниците од Институтот за геологија на Руската академија за наука и Државниот универзитет на Новоссибирск дошле до овој заклучок додека ја испитувале историјата на Бајкалското Езеро и прогнозирале што ќе случи со него во иднина.

„Во земјината кора, директно по средината на Евроазија, има огромна бразда, Бајкалската бразда (каде се радвојуваат ве тектонски плочи на земјината кора). Таа постепено се шири и ако не се промени геодинамичната итуација, за 20 милиони години најголемиот континент ќе се подели на два дела и на местото на Бајкалско Езеро ќе се појави нов океан“, стои во извештајот на научниците.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail