bitkoin.jpg

Станува збор за неколку научници кои работат на тајните руски нуклеарни програми, во идентично тајните објекти, на кои им текнало дека на работа имаат убер-моќни супер-компјутери кои ги користат само за нуклеарки.

Според новинските извештаи неколку научници се обиделе да ги искористат супер-компјутерите од Федералниот нуклеарен центар во Саров за копање биткоин. Целиот град во кој се наоѓа центарот е забранета област за пристапување.

Од безбедносни причини очигледни на секој што некогаш вклучил компјутер, супер-компјутерите не биле поврзани на интернет за да се спречи хакирање и упаѓање во нив.

Научниците биле фатени во својата намера кога се обиделе да ги вклучат компјутерите на интернет, што инстантно го алармирало обезбедувањето на центарот.

Саров е центарот во кој е произведен првата нуклеарна бомба на Советскиот сојуз, за време на владеењето на Сталин. Целиот град се води како државна тајна и тој не беше ни заведен на советските мапи. И ден денешен на Русите им се потребни посебни дозволи за да го посетат градот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail