Рускиот авион на иднината треба да биде подобар од американските, но има еден голем проблем

mkd-311672.jpg

Развојот на новиот руски борбен авион аухој Т-50 ПАК Фа наиде на нова пречка, пишува Нешнал интерест. Уште на почетокот на минатата година голем број медиуми пишуваа дека има проблем во развојот на ловецот од петтата генерација, поточно дека постојат сѐ уште неразвиени компоненти, па така на новиот сухој уште се користат системи од сухој Су-35С, ловец од напредната четврта генерација.

Иако Русите специјално за овој авион ги развија новиот радар АЕСА НО36 бјелка, инфрацрвени сензори и нови системи за електронско војување. Повеќето од тие компоненти сѐ уште не се вклопени во ПАК ФА, поради што програмата, на кој веќе се потрошени над 10 милијарди доалри, заостанува во однос на предвидениот распоред.

Во споредба со 400-те милијарди и годините доцнење во развојот на американскиот Ф-35, ова изгледа како мал проблем, сепак е проблем за државата чија економија е значително послаба од таа на САД, а воениот буџет е значително помал. Покрај сето тоа, ПАК ФА сѐ уште нема фиксни нарачки, за разлика од Ф-35 кој е нарачан од десет држави и чии испораки почнаа.

Последниот во низата нови и стари проблеми во развојот на ПАК ФА лежи во тестирањето на новите мотори, кое требаше да почне годинава, но е одложено за 2018 година.

„Тестирањата на авионот се во тек. Планираме да го почнеме второто ниво на тестирањата следната година“, изјави Сергеј Коротков од државната Обединета авио корпорација, под чија капа се развува и новиот сухој.

Се очекуваше новиот мотор, познат и како „изделие 129“, да биде инсталиран во авионот во последниот квартал од 2017, но службениците на Обединетата авио корпорација изјавија дека тоа оваа година нема да се случи.

Моторот е исто така специјално развиен за ПАК ФА, а за него засега се познати многу малку детали, освен дека развива 106,8 килоњутни сув притисок и 176 килоњутни погон со дополнително согорување.

ПАК ФА би требало да има перформанси споредливи со единствениот во моментов целосно оперативен повеќенаменски борбен авион од петтата генерација, американскиот Ф-22 раптор – брзина на крстосување без користење на дополнително согорување поголема од 1,5 мах и максимална брзина поголема од 2 мах на висини од околу 18 километри.

Што се однесува до вооружувањето, тоа сѐ уште не е дефинирано, но може да се очекува Т-50 на почетокот да ги користи постоечките воздух-воздух и воздух-земја проектили што ги користат Су-35 или Су-27, што значи дека новите проектили кои сега се развуваат ќе минат одреден период на тестирање пред да бидат компатибилни со системите на новиот авион.

Сѐ на сѐ, новиот руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација е далеку од довршен и засега главно користи стари системи, мотори и вооружување кои веќе постојат на авионите како сухој Су-35С или постариот Су-27. Изгледа дека Русите помалку ја истакнуваат „стелт“ технологијата на авиониот, а приоритет им се маневарските можности и сировите перформанси.

Единствениот проблем е што уште долго нема да биде целосно завршен, според сегашните проценки барем до 2025 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail