Рускиот МГУ меѓу првите 3 универзитети од економиите во развој

5af43b9315e9f954ae1fec6c.jpg

Константин Кокошкин/Global Look Press

Томскиот Политехнички универзитет драматично се искачи на листата на Times Higher Education.

Три руски универзитети се најдоа на листата на Топ 30 универзитети на економиите во развој за 2018 година. Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ (МГУ) останува на трето место, како и минатата година, пред кинеските универзитети „Пекинг“ и „Цинхуа“ – додека московскиот Национален истражувачки нуклеарен универзитет (МИФИ) исто така го задржува рангирањето од 2017 година (19 место). Томскиот Политехнички универзитет во Сибир значително скокна од 56 на 21 место.

Престижното годишно рангирање објавено на 9 мај опфаќа повеќе од 350 универзитети од 42 земји од четири континенти. Русија е петта најзастапена во табелата, со 27 институции.

Погледнете го видеото: МГУ, Ломоносов – место на една долга традиција

ИЗВОР: RUSSIA BEYOND

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top