Руските банки во борба против одлив на мозоци

ruska-banka.jpg

Една од најголемите руски банки ги плаќа најдобрите IT експерти да ги анализираат нејзините податоци, а на тој начин таа ги задржува во земјата.

Руската Sberbank која поседува 46% од сите депоненти во Русија спремна е да плати и до 100.000 долари годишно за најдобрите IT стручњаци.

Банката најави дека ќе го намали бројот на вработени за 8%, а ќе го дуплира бројот на вработени во IT секторот. Тие би следеле како клиентите ги трошат своите пари, така што банката таа статистика би ја понудила на трета страна.

IT експертите во Берлин се најплатени. Тие заработуваат од 45.000 евра до 100.000 евра годишно за раководно место, додека во Русија просечната плата изнесува 7.000 евра годишно.

Руската банка до 2018 година планира да оствари 38% од приходите од дигитално банкарство.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top