Русија распоредува ненуклеарно оружје кое може да погоди мети во внатрешноста на САД, изјави командантот на воздушно-вселенските одбранбени сили на САД, генерал Теренс О’Шонеси.

Според пресметките на генералот, доколку руската армија лансира ракета од типот „Авангард“, ракетата би требало да долета до Северна Америка за само петнаесетина минути, односно истата е доволно брза за да ја пробие првичната против-ракетна одбрана на Соединетите Американски Држави.

О’Шонеси за време на неговиот говор во Сенатот ги наброи најопасните нови типови на руско вооружување, а меѓу другото, тој ги спомена руските бомбардери „Ту-160 и Ту-95“, како и руските ракети од голем домет.

Американскиот генерал покрај тоа истакна дека руските подморници од класата „Северодвинск“ се многу потивки и посмртоносни од претходните генерации на руските подморници. Командантот на воздушно-вселенската одбрана на САД исто така високо ја оцени способноста на ракетите „Калибар“.

Според американскиот генерал, најсериозна закана по безбедноста на САД моментално претставуваат руските нуклеарни и ненуклеарни ракети, како и руските сајбер напади.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail