Саем на кариера на Универзитетот на ЈИЕ

univerzitet-jie.gif

На универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска по 12. пат се одржа годишниот Саем на кариера.

Со саемот им се овозможува на студентите и дипломираните на Универзитетот да се запознаат со условите и начинот на работа на фирмите, да ја планираат својата кариера и да одлучат за идно вработување.

На саемот преку свои штандови се претставија 53 компании и релевантни институции од Македонија.

Според ректорот на УЈИЕ Замир Дика поттикнување на соработката меѓу високото образование и бизнис заедницата е целта на денешната активност.

– Оваа соработка е клучен предуслов за поттикнување на размена на знаењето што водат кон иновациите, претприемништвото и креативноста и водат и кон долгорочно партнерство на универзитетот и бизнис заедницата за развој на општеството. Од особено значење е агендата за нови вештини и работни места што преку серија на мерки има за цел подобрување на флексибилноста и сигурноста на пазарот на трудот преку обезбедување на соодветни вештини за работа. Оваа агенда има за цел и и да ги поттикне луѓето преку развивање на нивните вештини да им овозможи флексибилност, но и сигурност за работа. Таа треба да им биде од помош тие полесно да најдат работа во земјата и регионот преку прилагодувањето на барањата за работна сила со соодветни квалификации, рече Дика.

Саемот на кариера претставува можност за студентите да се сретнат со потенцијалните работодавачи и да разговараат за нивно вработување или за нивно ангажирање како практиканти. Од друга страна студентите преку овој саем за првпат во практика можат да се запознаат со соодветноста на нивните квалификации и способности за да одговорат на барањата на пазарот на труд.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail