Саем на книгата и Денови на образование и кариера

saem-na-knigata.jpg

На Скопски саем од 4 до 10 април ќе се одржуваат 29. Меѓународен саем на книгата, 20. Меѓународен саем за образование и кариера и Скопје травел маркет.

Саемот на книгата ќе понуди дела од домашни и странски автори, современи и класични, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и книги од областа на културата и уметноста.

Манифестацијата „Денови на образование и кариера“ на едно место ги обединува сите државни и приватни високообразовни институции од земјата и странство кои пред посетителите ќе ги претстават додипломските и постдипломските студиски програми, институциите и компаниите кои имаат програми за студирање со стипендии и кредити, компании кои нудат професионална пракса за студентите, како и компании кои нудат вработување на квалификуван кадар на соодветни работни позиции.

На Скопје травел маркет, пак, ќе биде промовирана туристичката понуда.

Саемите ќе бидат отворени од 10 до 20 часот, а цената на влезницата за сите посетители е 30 денари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail