Саем на книгата на Филолошки факултет во Штип

aee1a5aa76ef36d981450ff04a00740a_XL.jpg

Под мотото ,,Да се купи книга е прва лига”, а по повод Светскиот ден на книгата, неодамна на Филолошкиот факултет во Штип се одржа Саем на книгата.

– Ова е една од активностите што ние како факултет преку Катедрата за македонски јазик и книжевност и преку можноста за продажба на НУУБ „Гоце Делчев“ – Штип ја реализираме во склоп на Програмата за одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право и во рамки на Отворените денови на УГД – истакна деканката на Филолошкиот факултет, доц. д-р Драгана Кузмановска.

На продажниот штанд беа изложени дела од едицијата ,,135 тома македонска книжевност” по цена од 157 денари.
Станува збор за едиција што содржи значајни дела за историјата на македонската книжевност, средновековната, новата и современата македонска литература.

– Овој Саем за кој денес студентите од Факултетот покажаа голем интерес е само надоврзување на силната соработка што во последниов период постои меѓу Факултетот и Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ – Штип –  рече Соња Манева, одговорно лице за продажба во НУУБ „Гоце Делчев“ – Штип.

Претходно Филолошкиот факултет и НУУБ „Гоце Делчев“ – Штип реализираа повеќе успешни активности, меѓу кои и одбележување на значајни денови, градење на библиотечен и филолошки мултикултурализам, промоција на значајни публикации, издавање на заедничко меѓународно списание и др.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail