Саем за вработување и пракса „Контакт 2017“

finki_veb_baner.png

Саемот за вработување и пракса „Контакт 2017“ е отворен за сите студенти на УКИМ на кои им нуди можност да си ги подобрат своите меки вештини, да се запознаат со кариерните можности и актуелните побарувања. Студентите во секој момент може да ги посетат компаниите кои се во холот на техничките факултети (ФЕИТ/МФС/ФИНКИ/ТМФ).

Овогодинешниот Саем за вработување и пракса „Контакт 2017“ се состои од 2 едукативни модули кои се БЕСПЛАТНИ за сите студенти на УКИМ. Едукативниот дел е поддржан од МОТИВА – Центар за менаџмент консалтинг образование и обука. Повеќе информации и пријавување за модулите може да најдете тука: https://goo.gl/forms/Vq7Md6FNlVmwmYjB2

На саемскиот дел ќе имате можност да го искористите своето ново добиено знаење од модулите и полесно да добиете пракса или работа во фирмата во која посакувате.

Опфаќајќи ги сите студенти , со акцент на техничките факултети, настанот има за цел да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна промоција на компаниите од една страна и претставување на искуството и знаењата на студентите (дирекно или преку оставање на CV) од друга страна.

Повеќе информации за настанот може да најдете на [email protected], http://kontakt.org.mk/, на официјалната фан страна и на евентот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail