Саемот на книга од 3 до 9 мај во ВИП Арена „Борис Трајковски“

saem-na-kniga.jpg

Триесеттото издание на Саемот на книга ќе се одржи од 3 до 9 мај во ВИП Арена „Борис Трајковски“ под покровителство на Министерството за култура.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Од Министерството за култура соопштија дека на Саемот ќе учествуваат сите значајни издавачки куќи во Македонија и издавачки куќи од регионот…Издавачките куќи, наведуваат од Министерството, најавија дека ќе ги претстават своите најнови изданија, како и голем број на промоции, средби со автори и големи саемски попусти.

По повод 30. јубилејно издание на Саем на книга, Скопски саем за сите организирани, групни посети на ученици ќе обезбеди бесплатен влез. Донацијата за влез на ученици се обезбедува со цел промоција на најмасовната културна манифестација во земјава, популаризација на книгата и негување на читателската публика уште од најрана возраст. Се очекува, зголемено присуство на посета на ова јубилејно издание на Саемот и да ја надмине бројката од редовните 40.000 посетители, посочуваат од Министерството.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top