Saem-na-kniga.jpg

Денеска се затвора 30. јубилејно издание на Саемот на книгата 2018, а оваа значајна традиционална културна манифестација ја надмина вообичаената посета од страна на читателите, информираат организаторите.

Заклучно со вчерашниот ден, саемот го посетиле 21.500 ученици и 23.300 посетители, уживатели на пишаниот збор.

„Соработката со Министерството за култура, како покровител на манифестацијата, Владата, Град Скопје заедно со ЈСП со воведувањето на двете вонредни линии специјално за најголемата културна манифестација, придонесоа, покрај промената на локацијата на Саемот на книгата, овој саем уште повеќе да го зацврсне неговото постоење. Ова е голем напредок кој резултираше со инзвонредна бројка од 44.300 посетители, а Саемот уште не е завршен. Кога сите релевантни институции ќе ја дадат поддршката за ваква манифестација, успехот е неизбежен“, изјави Сања Кондарко – проект менаџер на Саемот на Книгата.

Во рамките на програмата на Промотивниот центар вчеравечер се доделија наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), како и доделувањето на награди организирано од страна на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

На 30. јубилејно издание на Саемот на книгата 2018, се претставија 70-тина издавачки куќи од Македонија и од регионот (Србија, Црна Гора, Косово, Албанија).

„Скопски саем, по повод 30. годишниот јубилеј, за најмладите, учениците, обезбеди бесплатен влез, поради тоа што оваа манифестација е наменета за развојот на културата на читање“ – додаде Кондарко.

ИЗВОР: emagazin.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail