Сајбер криминалот годишно нанесува штета од 600 милијарди долари!

sajber-kriminal.jpg

Русија, Северна Кореја и Иран се најголемите изведувачи на напади на финансиски институции, додека Кина е најактивна на полето на сајбер шпионажата. Истражувањето кое го направија McAfee и Центарот за стратеши и меѓународни студии (Center for Strategic and International Studies – CSIS), со кој во 2014 година штетата од сајбер криминалот ја проценија на 445 милијарди долари, го покажува и значењето на геополитиката.

„Русија е лидер во сајбер криминалот поради умешноста на хакерите и занемарливоста на нивните закони. На второ место е Северна Кореја, која користи криптовалути за финансирање на режимот, но денес забележуваме и раст на некои други центри за сајбер криминал како што се Бразил, Индија и Виетнам“ велат од CSIS.

Кражбата на интелектуална сопственост, според извештајот, изнесува околу 1/4 од сајбер криминалот во 2017 година, а земјите кои се најактивни во пиратеријаа имаат своја специјалност. Таканаречениот ransomware, вирус кој го заклучува компјтерот и бара откуп за да го отклучи, се наоѓа на листата со најбрзорастечки начини на напад, пред се поради ширењето на интернет-продавниците кои нудат пиратски услуги.

Сите хакери користат исти алатки за кражба на идентитет, податоци, хакирање банки или други престапи, притоа користејќи биткоин или други криптовалути за да останат анонимни. Белата куќа минатата недела соопшти дека сајбер криминалот во 2016 година ги чинел САД од 57 до 109 милијарди долари и предупреди на заразните ефекти по економијата во целина.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail