Сакаат да вработат, немаат кого!

finska1-1.jpg

Фабрика за автомобили во Финска до летово мора да најде 1.000 работници! Плаќаат се, само да се преселите во подрачјата во кои има слободни работни места!

Финска ужива во зголемениот економски раст кој е поттикнат благодарејќи на успесите на тамошната бродоградба и автомобилска индустрија. Но, имаат друг проблем. Според финските медиуми, недостатокот на работна сила во таа земја станува најголем национален проблем.

Министерот Мика Линтила се вратил од турнеја низ целата земја и констатирал дека насекаде му се жалат луѓе дека имаат проблем со слободните работни места во нивните фирми и немаат кој да вработат. Најголем проблем има главниот град Хелсинки.

Надлежните служби пресметале дека во Финска моментално има околу 100.000 слободни работни места, кои не успеваат да ги пополнат со нивните 300.000 невработени Финци, бидејќи не се квалификувани. На пример, фабриката за автомобили во еден град до летово мора да вработи 1.000 нови работници. Силен раст бележат и финскиот шумарски и градежен сектор, во кои исто така фалат работници.

Финската влада подготвува нов закон во кој ќе понуди преквалификација и поттик за работниците кои ќе се преселат во подрачјата во кои има слободни работни места, а ќе им се платат и патните трошоци.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail