google-76517_640-560x390.png

Дизајнерот Ендру Бортон сонувал дека ќе се вработи во компанијата Гугл. Пред 18 месеци конечно го повикале на разговор.

Процесот на селекција опфаќал неколку разговори и решавање задачи. Требало да осмисли нов производ кој би го правел за Гугл. Го минал разговорот, а потоа на менаџерите им је претставил својата идеја.

Смислил апликација за фитнес, која им овозможува на оние кои вежбаат да бидат свои тренери така што ќе го снимаат секој момент од вежбањето, а потоа ќе може тоа што го снимиле да го споделат со другите.

Минал 30 часа обидувајќи се да направи апликација која е толку добра што ќе му се допадне на Гугл. Деноноќно работел на својот проект.

Кога на крајот завршил и го предал планот – Гугл му јавил дека е избран друг кандидат. Му препорачале следната година повторно да се јави на конкурсот.

Во прв момент се чувствувал многу лошо поради тоа, а потоа дошол на нова идеја: да направи свој стартап и така да ја пласира оваа апликација на пазарот.

Заедно со двајцата пријатели се здружиле и започнале бизнис. Почетокот бил многу добар.

Апликацијата се уште не заживеала, а веќе собрала 5.000 претплатници, пет теретани и судија и повеќе бизнис клиенти.

Бортон така интервјуто за работа го претворил во прекрасна бизнис идеја.

Неговата аплиација официјално во употреба е пуштена оваа недела.

извор: Кумановскимуабети

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail