facebook-e1554755281637.jpg

Постирате на Facebook а никој не ви лајкува и коментира? Сакате да дојдете до поширока публика? Ова се неколку кратки методи кои можат да ви помогнат.
Facebook е одлична платформа за создавање заедница на пријатели и поддржувачи, доколку се работи за бизнис профил. Многу е популарен, а на корисниците им овозможува небројни опции на комуникација и создавање поширока публика. Доколку имате добра идеја и сте креирале Facebook страна, еве како ќе привлечете поголем број луѓе за кратко време.

За почеток објавувајте постови (содржини) кои очекувате дека ќе го привлечат вниманието на вашата публика. Размислете каква публика привлекувате и направете стратегија како да ги поттикнете вашите пријатели да почнат да ја следат вашата FB страница.

Второ, пополнете ги сите барања во официјалниот формулар на вашата FB страница. Web адресите, контактите и адресите ги прават вашите содржини попристапни, особено ако сте поврзани со некоја локација. Понатаму користете хаштагови. Иако не се популарни на Facebook, нивната моќ е незанемарлива. Тие поврзуваат слични содржини, што значи дека повеќе корисници полесно ќе ја посетат вашата FB страница ако нивниот интерес се совпаѓа со вашите термини и содржини.

Трето-комуницирајте. Одговарајте на коментарите, разговарајте со пријателите и дајте им чувство дека се наоѓаат во вистинската заедница, односно дека навистина ви значат.

Четврто – со постирање на вашата содржина, споделувајте и содржина на вашите пријатели, нормално со нивна дозвола. Со тоа покажувате дека сакате да помогнете и во споделување на нивните информации.

На крај, ако навистина сакате вашата содржина да се прошири низ друштвените мрежи, контактирајте инфлеунсери кои можат да зборуваат за вашиот производ или вашата мисија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail