Само 2 отсто од луѓето на светот може да ја решат оваа загатка стара речиси 90 години

Albert-Ajnstajn-1.jpg

На интернет мрежата повторно се појави загатката на Алберт Ајнштајн од 1930-та година, а оној којшто може да ја реши може слободно да се смета за натпросечно интелигентен.

Текстот на загатката гласи вака: На една улица се наоѓаат пет куќи обоени во пет различни бои. Во секоја од куќите живее по еден човек од поинаква националност. Секој од нив пие некаков пијалок, пуши одреден бренд на цигари и има домашен миленик. Ниту еден од нив не пие ист вид на пијалок, не пуши ист бренд на цигари и нема ист миленик.

А прашањето на коешто се бара одговор гласи: Кој од нив има риба како миленик?

Еве ги и дополнителните податоци коишто ви се познати: Британецот живее во црвената куќа. Швеѓанинот има куче за миленик. Данецот пие чај. Зелената куќа се наоѓа од левата страна на белата куќа. Сопственикот на зелената куќа пие кафе. Сопственикот којшто пуши Pall Mall има птица за миленик. Оној којшто живее во жолтата куќа пуши Dunhill. Човекот којшто живее во куќата во средина пие млеко. Норвежанинот живее во првата куќа. Сопственикот којшто пуши Blend живее покрај куќата чијшто сопственик има мачка. Човекот којшто има коњ живее покрај човекот којшто пуши Dunhill. Човекот којшто пуши BlueMaster цигари пие пиво. Германецот пуши цигари од брендот Prince. Норвежанинот живее покрај сината куќа. Човекот којшто пуши Blend живее покрај човекот којшто пие вода.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail